24фудбал

Официјално: Франк де Бур е нов тренер на Кристал Палас

Поранешниот тренер на Ајакс и Интер, Франк де Бур е именуван за нов тренер на Кристал Палас, тој потпиша три годишен договор со англискиот премиерлигаш.

Англија

Холандската фудбалска легенда во Кристал Палас доаѓа на местото од Сем Алардајс кој го замина клубот откако му обезбеди опстанок.

„Целта е да бидеме солидни во Премиерлигата, а не да стравуваме за опстанок. Тоа е нашата основна цел, а доколку направиме нешто повеќе, ќе биде убаво“ - изјави Де Бур.

Де Бур од 2010 до 2016 беше тренер на Ајакс со кој го освои холандското првенство четири пати по ред, а потоа имаше неславна авантура во Интер која траеше само 85 дена.