24фудбал

Мурињо го „меркал“ и Лаказет, еве зошто „Специјалниот“ го „шкртнал“ Французинот

Медиумите од Англија откриваат дека и Александре Лаказет бил на листата со желби на Жозе Мурињо, но „Специјалниот“ се откажал од Французинот, кој стана рекордно засилување на Арсенал

Англија

„Црвените Ѓаволи“ вчера ангажираа нов голгетер, изборот падна на Ромелу Лукаку, Белгиецот изминатиов викенд беше украден од Челси откако преговорите со Реал Мадрид за Алваро Мората тапкаа во место.

Медиумите од „Островото“ сега пренесуваат дека на листата со желби на Жозе Мурињо бил и Александре Лаказет, кој минатата недела пристигна во Арсенал за рекордни 52,7 милиони фунти.

Португалецот наредил на скаутите задолежни за Франција добро да внимаваат на 26 годишниот напаѓач.

Но извештаите не биле по мерак на Жозе Мурињо, па Португалецот го „шкртнал“ Александре Лаказет.

Постоел сомнеж дали Французинот ќе може да се прилагоди на Премиерлигата, а проблем биле и физичките предиспозиции како и менталитетот на големите натпревари.

За разлика од Жозе Мурињо, Арсен Венгер верува дека Александре Лаказет одлично ќе се вклопи во стилот на Арсенал и ќе биде големо засилување.

Останува да се види кој менаџер го направил правиот потег.