24фудбал

Бонучи изнајми цела страна во „Газета дело Спорт“ за да се прости од Јуве, но никаде не го спомна Алегри (ФОТО)

Леонардо Бонучи испрати емотивна порака до Јувентус преку страните на најпопуларниот италијански весник, но дефанзивецот никаде не го спомна тренерот Масимо Алегри

Италија

Репрезентативецот на „Аѕурите“ е пред трансфер во Милан, денеска треба да ги помине редовните лекарски прегледи и официјално да стане осмото засилување ова лето за Винченцо Монтела.

Леонардо Бонучи сега се прости од Јувентус, дефанзивецот испрати eмотивна порака која беше испринтана во денешното издание на „Газате дело Спорт“.

„Поминаа седум години – започнува пораката со наслов „Величествена приказна“.

„Седум сезони на победи, остварување сонови, бележење прогрес преку емпатија и специјална врска со Јувентус.

„Шест Скудета, сите освоени и заработени со борба. Нормално, останува големо жалење што не ја освоив Лигата на шампионите, но посилно од ова е гордоста од успехот што го постигнав и тоа што бев дел од едно големо семејство.

„Секогаш го дава максимумот, до самиот крај. Добив, дадов и научив.

„Кога денеска ќе погледнам во минатото, гледам прекрасна приказна која заслужува крај со целосна почит и љубов, без да се оцрнува она што го искусив заедно со Клубот, Капитенот, соиграчите и фановите.

„Ти благодарам за се Јуве.

И додека Леонардо Бонучи се прости од сите во Јувентус, никаде не го спомна тренерот Масимо Алегри.

Се верува дека расправијата со него е една од причините поради која дефанзивецот го напушта Торино.