24фудбал

Манџукиќ прв проговори: Во Кардиф Бонучи го зграпчи Алвеш за врат, сакаше да го удри!

Марио Манџукиќ открива неверојатна приказна од соблекувалната на Јувентус на финалето од Лигата на шампионите, Леонардо Бонучи и Дани Алвеш се фатиле за врат

Италија

Дани Алвеш и Леонардо Бонучи ова лето го напуштиja Јувентус, а Марио Манџукиќ сега открива зошто двајцата играчи повеќе не се дел од „Старата Дама“.

„Сакам да ги разрешам сите дилеми за лошата атмосфера во соблекувалната на Јуве – медиумите од Италија го цитираат Хрватот.

„Бонучи и Дани Алвеш беа тие кои го креираа хаосот, и со нивната продажба, работите ќе се вратат во нормала.

„Тие се расправаа во Кардиф бидејќи имаат сосема спротивни карактери.

„Лео и Дани постојано се расправаа, а на финалето од Лигата на шампионите гледавме само една од многуте епизоди.

„Кога влеговме во соблекувалната, сите се однесуваа нормално и очекувавме Дани Алвеш да ја пушти неговата вообичаенa Радио Парти Грув музика.

„Но тој се надмина самиот себе, во соблекувалната на цел глас ечеше Самба Де Жанеиро, како да сакаше да ни ги дупне ушните тапанчиња.

„Играше како да е последен ден. Иако беше прилично глупво, сите го игнориравме.

„Но Лео е опседнат со Лигата на шампионите и тој не премолче.

„Категорично му порача на Дани дека ќе му ги скрши нозете доколу не ја исклучи музиката.

„За кратко време настана расправија и двајцата почнаа да си дофрлаат работи.

„Дани Алвеш истакна дека тој и да загуби во Кардиф, ќе има освоено три титули од Лигата на шампионите, а Бонучи ниту една.

„Во тој момент сите останаа вџашени. И јас имам освоено Лига на шампиони, но никогаш не би се осмелил да кажам нешто такво.

„Никој не треба да помислува на пораз.

„Тогаш Лео го зграпчи Дани за врат, сакаше да го удри, но Алегри ги раздели.

„Тренерот им порача дека не му е гајле кој прв почнал и порача дека двајцата ќе заминат.

„Тоа беше најпаметната одлука некогаш донесена. Сега групата одново ќе биде смирена и обедината.

Сепак, оваа изјава треба да се земе со голема доза на резерва, големи се шансите изјавите да не се вистинити.