24фудбал

Барди не настапи за Ујпешт, сигурно заминува во поголем клуб

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди не настапи на вчерашниот натпревар за Ујпешт поради големиот интерес за неговите услуги.

Македонија

Во договор со раководството и тренерот на тимот, беше одлучено Енис Барди да не настапи за Ујпешт на натпреварот против Пакс кој заврши 2-2.

Интересот за македонскиот репрезентативец е голем и се очекува тој летово да потпише за многу поголем клуб.

По импресивните настапи на Европското првенство до 21 година, неколку клубови загризаа за нашиот фудбалер, како најспоменувана дестинација е Леванте, но интерес има и од Борусија Дортмунд, Штутгар, Динамо Загреб и клубови од Турција.

Иако до крајот на преодниот рок има уште месец и половина, се очекува до крајот на јули да биде познат новиот клуб на Барди.