24фудбал

Гвардиола продолжува со чистката, играчот кој минатото лето и го украде на Барса сега го „шкртнат“то и го украде на Барса сега го „шкртна“

Уште еден фудбалер го напушта Манчестер Сити, „Граѓаните“ попладнево соопштија дека од Етихад Стадионот заминува Нолито, Шпанецот е нов фудбалер на Севиља

Англија

Нолито е последното име кое „доби клоца“ ова лето од Манчестер Сити.

Шпанецот пред почетокот на минатата сезона се пресели на Етихад на барање на Пеп Гвардиола.

Нолито имаше опција да се врати на Камп Ноу и одново да го облече дресот на Барселона, но Пеп Гвардиола го убеди дека Манчестер Сити е правиот избор.

Сепак, напаѓачот не се снајде најдобро на „Островото“ и по разочарувачки 12 месеци тој сега е продаден на Севиља за 9 милиони евра.