24фудбал

Газета: Милан блиску до ангажман на Мората

„Газета дело Спорт“ пишува дека Милан е многу блиску до ангажман на Алваро Мората од Реал Мадрид.

Италија

Извршниот директор на Милан, Марко Фасоне потврди дека некој од Белоти, Мората или Обамејанг ќе биде ново засилување во нападот на „росонерите“.

„Газета дело Спорт“ пишува дека прв избор е Алваро Мората од Реал Мадрид и двата клуба се блиску до договор.

Милан му понудиле 70 милиони евра на Реал Мадрид, а на Мората договор со заработка од 10 милиони евра по сезона.

Мората добро ја познава Серија А поради одличните настапи во Јувентус, а нов капитен во Милан ќе му биде неговиот поранешен соиграч, Леонардо Бонучи.

Сепак, преговорите помеѓу Милан и Реал Мадрид се уште не се завршени, но италијанските медиуми очекуваат наскоро да биде постигнат договор и трансферот да премине во финална фаза.