24фудбал

Барди е во Валенсија, го комплетира трансферот во Леванте! (ФОТО)

Новата македонска фудбалска ѕвезда, Енис Барди е во Валенсија каде треба да ги помине медицинските прегледи во Леванте и да стави потпис на договор со шпанскиот клуб.

Македонија

Веќе нема дилеми, Барди следната сезона ќе игра во Примера, остануваат уште формалности за трансферот да биде комплетиран.

Македонскиот репрезентативец кој блескаше на Европското првенство до 21 година во Полска, прави одличен трансфер.

„Би било одлично да се игра во Шпанија, против фудбалери како Меси, Роналдо, Нејмар, тоа ќе биде остварување на мојот сон“ - изјави Барди за шпанските медиуми.

Според најавите, Леванте на Ујпешт ќе му плати 1,5 милиони евра плус 10% од идниот трансфер на Барди.

Енис Барди преку инста стори постираше слика од Валенсија: