24фудбал

Официјално: Барди потпиша тригодишен договор со Леванте

Македонскиот фудбалер, Енис Барди го комплетираше трансферот во Леванте откако стави потпис на тригодишен договор со шпанскиот клуб со опција за продолжување на уште две години.

Македонија

Веќе нема дилеми, Барди во следната сезона ќе настапува во Примера, денеска откако ги помина медицинските прегледи стави потпис на договор со Леванте.

„Леванте и Ујпешт постигнаа согласност за трансфер на фудбалерот Енис Барди кој потпиша договор со нашиот клуб до 2020 година со опција за продолжување на уште две години“ - стои во соопштението на Леванте.

Македонскиот репрезентативец утре во 17 часот и официјално ќе биде презентиран пред шпанските медиуми.

На официјалниот сајт Леванте објави и видео со моменти од настапот на Барди на Европското првенство во Полска: