24фудбал

Седлоски: Ќе дадеме сè од себе да го елиминираме Малме

Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски вели дека неговите фудбалери ќе го дадат максимумот за да го елиминираат Малме и да ја израдуваат публиката.

Македонија

Вардар утре го пречекува Малме во реваншот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, мечот одигран во Шведска заврши нерешено, 1-1.

„Знаете дека после првиот натпревар имаме добар и активен резултат од Малме. Меѓутоа утре не очекува уште еден тежок, можеби уште потежок натпревар од првиот. Противникот сигурно ќе направи сè за да дојде до посакуваниот резултат. Тој натпревар во Малме беше само едно полувреме од овој двомеч, сега следува уште едно во кое што влегуваме максимално подготвени и концентрирани, и моите играчи се подготвени уште еднаш да дадат максимум“ - изјави Седлоски на денешната прес конференција.

„Сега подобро се познаваме со противникот после мечот во Малме. Верувам дека нашите грешки ќе бидат отстранети и дека ќе одиграме еден добар натпревар, и ќе дадеме се од себе да ја израдуваме оваа публика која ќе дојде во Струмица. Без разлика на тоа кој ќе игра, фудбалерите се подтовени да дадат сè од себе и да остварат еден добар резултат кој ќе ги однесе во следната фаза од Лигата на шампионите“.

Натпреварот се игра утре (вторник) на стадионот Младост во Струмица со почеток од 18 часот. Директен пренос ќе има на ТВ Нова.

Фото: ФК Вардар