24фудбал

Милан е на врвот: Милијардерот Јонгхонг Ли ги стави „росонерите“ пред Челси, Монако, Интер... (ФОТО)

Италијанскиот калчолигаш ова лето потроши околу 210 милиони евра за засилувања во тимот и се чини дека тука нема да запре, барем така велат најавите.

Италија

Со преземањето на Милан, милијардерот од Кина, Јонгхонг Ли направи револуција во клубот, па така се отворија нови страници во историјата на италијанскиот калчолигаш.

До овој момент, „росонерите“ ова лето ги договорија Леонардо Бонучи (42), Андре Силва (38), Андреа Конти (25), Хакан Чалханоглу (22), Матео Мусакио (18), Рикардо Родригез (18), Лукас Биљиа (17), Франк Кеси (28) како и Антонио Донарума (1.5) кој дојде во Милан како дел од договорот на клубот со неговиот брат Џанлуиџи Донарума во однос на потписот на нов, долгогодишен договор.

(во заграда се пишани сумите во евра, кои Милан ги потроши)

Графикон: Колку потрошиле новите сопственици во првиот преоден рок откако го купиле клубот:


Последните најави кои пристигнуваат од Италија, велат дека Милан тука нема да запре, па така следи трансфер бомба на тимот од Милано, кој планира да издвои богатство за уште едно засилување во нападот.

Истовремено, Милан нема да се штеди ниту на Ренато Санчез, кој е се поблиску до преселба во Милано.

Со потрошени 209.5 милиони евра ова лето на засилувања, Милан го надмина премиерлигашот Челси на листата на клубови кои потрошиле најмногу во еден трансфер преоден рок откако добиле нов сопственик.

Русинот Роман Абрамович издвои 167.5 милиони евра за сезоната 2003/04 кога го купи тимот од Лондон, неговиот сонародник, газдата на Монако, Дмитри Риболовов кој во 2013 потроши 160.7 милиони евра за засилувања на тимот.

Инаку, што се однесува до газдата на Милан, тој дојде откако контроверзниот Силвио Берлускони по 31 година минати во овој тим, одлучи да го продаде клубот за неверојатни 740 милиони евра.

Ли по преземањето на клубот истакна дека Милан е светски бренд и клуб со богата историја, притоа вети дека ќе го врати клубот онаму каде што му е местото – на врвот на светскиот фудбал.

Се чини дека последните засилувања и создавањето на „нов“ Милан, ги потврдуваат високите амбиции кои ги најави Ли.