24фудбал

Само еден збор нè дели од најголемиот трансфер во историјата

Наскоро би можел да биде урнат трансфер рекордот, ПСЖ е подготвен да плати 222 милиони евра и треба само ДА да каже Нејмар

Шпанија

„Светците“ ова лето би можеле даго реализираат најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.

Денеска каталонскиот весник Спорт ја актуелизираше темата за заминување на Нејмар од Камп Ноу, и ПСЖ ја резгледува можноста да ја активираат откупната клаузула на Бразилецот.

Неколку медиуми вечерва пренесоа дека ПСЖ ќе плати рекордни 222 милиони евра доколку Нејмар даде зелено светло и каже ДА, .


Клубот од Паркот на Принцовите исто така подготвува и богат договор за играчот, односно плата од 30 милиони евра плус бонуси, со што Нејмар ќе стане еден од најплатените играчи во светот на фудбалот.

На потег сега е Бразилецот, доколку го каже магичниот збор, ПСЖ ќе испише нова страна во фудбалската историја.