24фудбал

Се тепаат за да играат во Милан, Обамејанг се откажува од десетици милиони евра за да потпише за „росонерите“

Медиумите од Италија пишуваат дека Пјер Емерик Обамејанг е подготвен да направи големо финансиско жртвување за да се врати на Сан Сиро и одново да го облече дресот на Милан

Италија

„Росонерите“ се најактивниот клуб на трансфер пазарот и веќе потрошија преку 200 милиони евра за ангажман на дури девет нови имиња.

Милан прави сериозен тим, и со големата активност на пазарот го привлече вниманието на голем број играчи.

Последните информации велат дека Пјер Емерик Обамејанг е подготвен да се откаже од десетици милиони евра за да се врати на Сан Сиро.

Габонецот, заедно со Алваро Мората и Андера Белоти, е идентификуван како звучно име за засилување на нападот.

Тој има богата понуда од Кина, каде би заработувал 30 милиони евра годишно, но напаѓачот е подготвен да го одбие овој предлот за трансфер во Милан.

И не само тоа, Пјер Емерик Обамејанг е подготвен да прифати помала плата на Сан Сиро, и барањата од 12 милиони евра ги намалил на 8 милиони евра.

Милан сега треба да се договори со Борусија Дортмунд и се верува дека ова е потешкиот дел од трансферот.