24фудбал

Грнчаров и Барсегјан донесоа пресврт за Вардар против Малме! (ВИДЕО)

Вардар направи комплетен резултатски пресврт на реванш мечот против Малме во второто квалификациско коло за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, откако првиот дуел во Шведска заврши нерешено со резултат 1-1.

Македонија

Вардар сосема заслужено најнапред го израмни мечот против Малме на 1-1 во Струмица по одличниот почеток во вториот дел, притискаше и во финишот на првото полувреме, но напорите се исплатеја во почетната фаза од второто полувреме

Наградата за доминацијата на Вардар стигна во 56. минута, откако по нафрлената топка од страна на Фелипе, успешно во мрежата од голот на противникот биеше капитенот на нашиот шампион, искусниот дефанзивец Бобан Грнчаров.

Четири минути по израмнувањето, прекршок над Фелипе беше направен во казнениот простор на гостинската екипа, Јотун фаулираше за удар од белата точка.

Фелипе не беше успешен во обидот, но Барсегјан искористи отпадок и направи комплетен резултатски пресврт на мечот во Струмица, доведувајќи го Вардар во водство од 2-1.


Доста тензично беше во првото полувреме на мечот во Струмица, имаше и мал инцидент на трибините каде дојде до излив до реакциите на вардаровите навивачи по контроверзните одлуки на украинскиот арбитар Жабченко, за ова пренесоа имедиумите во Шведска.