24фудбал

„Квалифијаско“: Во Шведска не штедат критики за поразот на Малме, Грнчаров на насловните страници во тамошните медиуми (ФОТО)

Малме на мета на критики од страна на шведските медиуми по раната елиминација во квалификациите за Лигата на шампионите.

Македонија

Македонскиот шампион Вардар славеше со 3-1 над шведски Малме во реванш средбата од второто квалификациско коло за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, откако првиот дуел во Шведска заврши нерешено со резултат 1-1.

Иако гостите први поведоа на мечот кој се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица, Вардар беше тој кој се радуваше по крајот на средбата, а тоа доведе до низа критики кај насловните страници на медиумите во Шведска кои не се штедеа во своите критики кон својот претставник.


Квалифијаско: Малме е елиминиран од Лигата на шампионите“ – пишува во својот наслов угледниот медиум во Шведска „Експресиен“.

На насловната на претходно наведениот медиум се најде вардаровиот капитен Бобан Грнчаров, токму искусниот дефанзивец на „црвено-црните“ го постигна израмнувачкиот гол во второто полувреме, по што Вардар тргна во целосна офанзива до триумф на реванш средбата.