24фудбал

Седлоски: На газда Самсоненко му ветив дека ќе поминеме понатаму и го исполнивме тоа

Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски открива дека пред почетокот на новата европска сезона му ветил на сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко дека ќе го поминат второто квалификациско коло, мисијата е исполнета.

Македонија

Вардар одигра одличен меч против Малме и со пресврт во второто полувреме победи со 3-1, со вкупни 4-2 се пласира во третото квалификациско коло каде ќе игра против ФК Копенхаген.

„Честитки до моите играчи и до навивачите кои дојдоа да не бодрат тука. Кажав дека ќе биде тежок натпреварот, потежок од тој во Малме тоа и се случи. Им кажав на фудбалерите да веруваат во себе, им велев дека можеме да поминеме понатаму и успеавме“ - вели Гоце Седлоски на прес конференцијата по мечот.

„На полувремето на фудбалерите им реков, дајте се од себе, ова не е противник кој не можеме да го победиме и дечките тоа го направија. Првиот гол од Грнчаров не врати во игра, после дојде и вториот гол, добивме самодоверба и заслужено победивме“.

„Пред да почнат квалификациите му ветив на сопственикот Самсоненко дека ќе го поминеме овој прв противник и тоа го направивме“.

„Сега на ред е Копенхаген кој е поквалитетен, но најважно ни беше Малме да го поминеме. Сега ќе одмориме ден-два, па ќе се насочиме кон следниот противник“.