24фудбал

Вардарово славје во Струмица: Комитите „грмат“ по триумфот над Малме! (ВИДЕО)

Голема радост за вардаровите фанови откако нашиот шампион успеа да го елиминира Малме во втората рунда квалификации за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

Македонија

Вардар со победата од 3-1 над Малме во реванш средбата која се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица, успеа да се пласира во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

По крајот на мечот во Струмица, настана голема прослава на трибините, каде фудбалерите на македонскиот првак заедно со навивачите од трибините во голема еуфорија ја прославија победата над Малме.

Инаку, капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров се најде на насловните страници низ медиумите во Шведска.

 

Фото-вест: 24фудбал

Видео: Приказни од булеварот (Facebook)