24фудбал

Ристовски и Ријека блескаа во Велс, гол и асистенција за Македонецот (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски имаше одличен меч во квалификациите од Лигата на шампионите, Ријека со 5-1 победи на гостувањето кај ТНС, а нашиот фудбалер постигна гол и асистираше.

Лига на Шампиони

Ријека со 2-0 го доби домашниот меч, а на гостувањето кај ТНС беше уште подобра победувајќи со 5-1. 

Стефан Ристовски кој е еден од најдобрите фудбалери на хрватскиот тим, го постигна четвртиот гол на овој натпревар, а претходно имаше и асистенција.

Ријека во третото квалификациско коло ќе има далеку посериозен ривал, ќе игра против австриски, Салцбург.