24фудбал

Струмица отпаѓа, Македонија нема стадион на кој Вардар може да игра со Копенхаген

Пласманот во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите на Вардар му донесе многу поволности, но и проблем, во Македонија нема слободен стадион кој ги исполнува условите за меч од оваа фаза на елитното натпреварување.

Македонија

Единствениот стадион во Македонија кој ги исполнува условите за натпревари од третото квалификациско коло е Арената „Филип Втори“, но на неа не смеат да се играат натпревари до завршувањето на УЕФА Суперкупот кој е на 8. август.

Вардар го нагости Малме на стадионот „Младост“ во Струмица, но таму не може да му биде домаќин и на Копенхаген.

Детално за проблемот со кој се соочува Вардар пишува „Спорт1“, поопшрно можете да прочитате на овој ЛИНК.

Фото: Кочо Сотировски