24фудбал

Официјално: Мората во Челси

Челси потврди дека е постигнат договор со Реал Мадрид за Алваро Мората, трансферот наскоро ќе биде комплетиран.

Англија

Крај на сите дилеми околу иднината на Мората, од идната сезона Шпанецот ќе го носи синиот дрес на Челси.

„Челси и Реал Мадрид постигнаа договор за трансфер на Алваро Мората на Стемфорд Бриџ“ - гласи соопштението на клубот.

Челси соопштува дека останува да ги договорат личните услови со Мората и тој да ги помине медицинските тестови, по што трансферот ќе биде комплетиран.