24фудбал

Мората го „пецна“ Мурињо: Ќе работам со тренерот кој покажа најголема доверба

Алваро Мората проговори за новата авантура и трансферот во Челси, Шпанецот упати мала провокација до Жозе Мурињо за тоа што „Црвените Ѓаволи“ се откажаа од неговите услуги

Англија

Манчестер јунајтед долго време се обидуваше да го ангажира Алваро Мората ова лето, напаѓачот дури го прекина својот меден месец и се врати во Мадрид за да притисне за реализација на трансферот.

Сепак, „Црвените Ѓаволи“ не можеа да пронајдат заеднички јазик со Реал Мадрид, па клубот од Олд Трафорд реши да се откаже, и наместо Алваро Мората го ангажираше Ромелу Лукаку.

Напаѓачот сепак ќе се пресели во Премиерлигаа и тоа во редовите на Челси, шампионот на Англија и „Кралевите“ денеска си подадоа рака за зделка вредна околу 80 милиони евра.

Шпанецот вечерва проговори за новата авантура и упати мала провокација до Жозе Мурињо, велејќи дека ќе игра за тренерот кој покажал најголема доверба.

Многу сум среќен, ќе играм за Челси, клуб кој ме бараше со години – вели Мората.

„Ќе работам со тренер кој покажа најголема доверба, и тоа е многу значајно.