24фудбал

Мората нова жртва на Бензема, миленичето на Перез „избрка“ неколку напаѓачи од Реал Мадрид

Алваро Мората е нова жртва на Карим Бензема, Французинот и покрај тоа што не игра на највиско ниво придонесе неколку напаѓачи да заминат од Сантијаго Бернабеу

Шпанија

„Кралевите“ вчера ја договорија најголемата продажба во нивната историја, го испратија Алваро Мората во Челси за 80 милиони евра.

Напаѓачот, кој е дете на Реал, минатата сезона се врати на Бернабеу по две одлични сезони во Јувентус.

Но Шпанецот постојано беше втора опција за нападот и покрај тоа што имаше подобри бројки од Карим Бензема, и секогаш кога ќе добиеше шанса за настап знаеше да го искористи тоа.

Добрите настапи не му помогнаа многу, па тој сега одново се збогува од Реал Мадрид и стана нова жртва на Французинот.

Имено, Карим Бензема откако дојде на Бернабеу, „избрка“ неколку напаѓачи и покрај тоа што не игра на највиско ниво.

Прв си замина легендата Раул, Шпанецот беше само трета опција за форот, па реши да проба друга авантура.

Потоа следуваа неколку години на битка помеѓу Бензема и Игуаин. Французинот имаше подобри бројки само во сезона 2010/11, кога Гонзало Игуиан пропушти неколку месеци поради тешка повреда.

Во следните две сезони, Аргентинецот беше подобар, но и покај тоа Реал реши да му укаже доверба на Карим Бензема, а Гонзало Игуиан беше продаден на Наполи.

Од 2013 до 2016, Карим Бензема немаше сериозна конкуренција за нападот, но минатото лето се промени тоа со пристигнувањето на Алваро Мората.

Шпанецот со ограничена минутажа забележа 15 погодоци во Примера, три во Лигата на шампионите и 2 во купот, додека пак Бензема како прв избор сезоната ја заврши со 11 гола во Примера, 7 во Лигата на шампионите и 1 во купот.

Бројките беа на страна на Алваро Мората, но Перез уште еднаш му укажа доверба на своето милениче, па сонот на репрезентативецот на „Црвената Фурија“ по втор пат беше скршен.