24фудбал

Мурињо и Конте ги заменија напаѓачите, кој менаџер ќе испадне како победник?

Жозе Мурињо и Антонио Конте на почетокот од месецот имаа едни цели за засилување на нападот, на крајот добија други играчи, па сега останува да се види кој менаџер го добил вистинскиот пакет

Англија

Долго време Челси се обидуваше да го врати Ромелу Лукаку на Стемфорд Бриџ, а Манчестер јунајтед преговараше со Реал Мадрид за ангажман на Алваро Мората.

Но минатата недела се случи голем пресврт во целата ситуација.

„Кралевите“ не сакаа да ги намалат барањата, па „Црвените Ѓаволи“ за кратко време се договорија со Евертон и му го украдоа Ромелу Лукаку на Челси.

Шампионот на Англија откако извизи за потписот на Белгијанецот, се насочи кон Алваро Мората и за кратко време се договори со Реал Мадрид.

Сега останува да се види кој менаџер го добил вистинскиот пакет.

Двајцата напаѓачи имаат по 24 години и во голем тим треба да покажат зошто важат за едни од најперспективните голгетери во Европа.

Предност на Ромелу Лукаку е тоа што одлично ја познава Премиерлигата е веќе е адаптиран на фудбалот кој се негува на „Островото“.

Минатата сезона ја заврши со 25 погодоци, и може да се пофали како еден од само тројцата играчи кои имаат постигнато по 10 погодоци во последните пет сезони од Премиерлигата (покрај Оливие Жиру и Серхио Агуеро).

Многумина сметаат дека слаба страна му е тоа што често знае да се „изгуби“ на големите натпрeвари, а нема ниту искуство од настап во најелитното натпреварување во Европа.

Алваро Мората пак веќе се докажа во Италија и Шпанија, и успеа да се прилагоди во различни првенства и на различни тактики.

Тој често знае да го реши натпреварот, минатата сезона иако беше резерва на Реал Мадрид му донесе 13 бода, подобар од него беше само Кристијано Роналдо со 15 погодоци.

Шпанецот исто така може да се пофали и со значително искуство од Лигата на шампионите.