24фудбал

Тракаи од Литванија е противникот на Шкендија во третото квалификациско коло од Лига Европа

Шкендија го доби противникот за третото квалификациско коло, тоа е Тракаи од Литванија кој го елиминираше Норчепинг.

Македонија

Тракаи по подоброто изведување на пенали го елиминира Норчепинг и закажа пресметка со Шкендија.

Норчепинг на свој терен победи со 2-1, но со истиот резултат заврши и дуелот во Литванија, па пеналите го решаваа патникот во следното квалификациско коло.

Литванскиот тим биеше беспрекорно од белата точка, ги погоди сите пет пенали, за разлика од Норчепинг кој промаши еден.

Првиот натпревар помеѓу Тракаи и Шкендија се игра на 27. јули во Литванија, реваншот е седум дена подоцна во Македонија.