24фудбал

Барди дебитираше со гол за Леванте (ВИДЕО)

Барди брзо покажа зошто е донесен во Леванте, македонскиот репрезентативец постигна гол, а имаше и импресивен шут од далечина кој противничкиот голман го одбрани.

Македонија

Леванте со 5-0 победи на гостувањето кај Ла Нусија, тим кој игра во четвртата шпанска лига.

Енис Барди на својот прв натпревар во дресот на Леванте го постигна и својот прв гол.

Македонскиот фудбалер во 71. минута, се најде на вистинското место и зголеми водството на 4-0.

Барди имаше и импресивен шут од далечина кој на интересен начин беше прокоментиран на официјалниот профил на клубот.

Барди во Леванте го носи дресот со број пет.