24фудбал

Jунајтед подобар од Сити во градското дерби, тандемот Лукаку - Рашфорд функционира беспрекорно (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со 2-0 го победи Манчестер Сити во првиот меѓусебен дуел одигран надвор од нивниот град, Лукаку и Рашфорд одлично функционираат.

Англија

Жозе Мурињо рече дека ќе проба да игра заедно со Ромелу Лукаку и Маркус Рашфорд во првата постава, тоа го направи на дуелот со Манчестер Сити и не погреши, токму тие ја донесоа победата над градскиот ривал.

Навивачите во САД можеа да видат интересен дуел со шанси од двете екипи и победа на Манчестер јунајтед.

Резултатот го отвори Ромелу Лукаку во 37. минута кога со глава го надмудри истрчаниот Едерсон а потоа прецизно биеше во неговата празна мрежа.

Само две минути подоцна Рашфорд ги постави конечните 2-0.