24фудбал

Фановите на Манчестер Сити не видоа гол од својот тим, но се порадуваа на невиденото промашување на Џонс (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед го совлада својот голем ривал од Премиерлигата, Манчестер Сити со 2-0, во мечот од Интернационалниот Куп на шампиони во Соединетите Американски Држави.

Англија

Победата за тимот на Мурињо не може да биде послатка ако се земе во предвид фактот што скапото засилување ова лето за „Црвените ѓаволи“, Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку профункционира подобро од што сите очекуваа.

Токму Лукаку беше еден од стрелците во победата на својот тим, притоа триумфот го запечати Рашворд, а тие двајца функционираат одлично во нападот на Манчестер јунајтед.

Но, фановите на Манчестер Сити издвоија неколку интервенции на скапото засилување за нивниот омилен тим, ова лето, голманот Едерсон Мораеш.

Останува отворено прашањето дали екипа која претендира за освојување на Премиерлигата треба да се радува на голмански интервенции, или пак голови, кои на денешниот меч осамнаа за Манчестер Сити.

Можеби нема простор за еуфорија ако се земе во предвид неснаодливоста на Фил Џонс во казнениот простор на Манчестер Сити. Дали има простор за еуфорија од изданието на Едерсон, или пак е нешто сосема друго, проценете сами.


Вреди да се издвои и тоа што првиот гол кој го постигна Лукаку, дојде по една грешка на Едерсон, кој предвреме истрча и го остави голот празен, што беше лесен плен за белгискиот напаѓач.