24фудбал

Фановите на Челси се суеверни, на социјалните мрежи молат Мората да не ја добие „9та“ (ФОТО)

Алваро Мората е големото засилување за нападот на Челси, но фановите се плашат дека Шпанецот би можел да биде „промашување“ доколку го добие проколнатиот дрес со бројот 9

Англија

„Сините“ му ја исполнија желбата на Антонио Конте за нов голгетер, на Стемфорд Бриџ пристигнува Алваро Мората за 80 милиони евра.

24 годишниот Шпанец важи за еден од најперспективните напаѓачи во Европа, и фановите на Челси се возбудени од неговото пристигнување во Лондон.

Но добар дел од навивачите се суеверни, па за да се осигураат дека Алваро Мората ќе биде полн погодок, на социјалните мрежи почнаа да молат тој да не ја добие проколнатата „9ка“.

Последен играч кој со успех настапувал со бројот 9 на грбот е Џими Флојд Хаселбенк.

Потоа бројот 9 се покажа како прилично малерозен за Кежман, Креспо, Буларуж, Сајдвел, Торес и Фалкао.

Разочарувањето веројатно е најголемо со популарниот „Ел Нињо“ за кого Челси плати 50 милиони фунти и тој на Стемфорд Бриџ пристигна како еден од најдобрите напаѓачи во Премиерлигата.

Но Фернандо Торес беше само бледа сенка и често служеше за потсмев со очајните партии и големите промашувања.

„ВЕ МОЛАМ: Некој нека му каже на Мората да не го носи дресот со бројот 9! Само Џими Флојд Хаселбенк успешно ја носеше „9та“ во ерата на Премиерлигата. Тој дрес е проколнат“ – гласеше пораката на Даниел Тилак, но слични беа коментарите и на голем број други фанови.

Дидие Дроба и Диего Коста беа прилично успешни во форот, но го носеа дресот со број 11, односно со број 19.