24фудбал

Познат распоредот за новата сезона во Примера: Барди дебитира на „Ел Мадригал“

Денеска беше утврден распоредот за новата сезона во Примера која започнува на 19. август, Енис Барди со Леванте во првото коло му гостува на Виљареал.

Шпанија

Наредната сезона во Примера ќе биде поинтересна за македонската публика од причина што Енис Барди потпиша за Леванте, па под будно око ќе се следат и неговите настапи.

Леванте во првото коло му гостува на Виљареал на Естадио де ла Керамика, поранешен Ел Мадригал. Тогаш се очекува да биде и дебито на Барди во шпанската лига.

Реал Мадрид одбраната на трофејот ќе ја започне на гостување кај Депортиво Ла Коруња, а Барселона во првиот меч го пречекува Бетис.

Првиот Ел Класико дуел е дури на 20. декември кога на Сантијаго Бернабеу, Реал Мадрид ќе ја пречека Барселона, вториот натпревар е на 6. мај.