24фудбал

Мората ги помина медицинските тестови: Челси е најдобриот клуб

Алваро Мората денеска ги помина медицинските тестови и наскоро треба да стави потпис на договор со Челси.

Англија

Силно се шпекулираше дека Мората ќе биде ново засилување на Манчестер јунајтед, а Лукаку на Челси, но се случи обратното.

24-годишниот Шпанец наскоро треба да го комплетира трансферот во Челси.

„Ова е најдобриот клуб. Антонио Конте е еден од најдобрите тренери во светот и среќен сум што ќе работам со него“ - вели Мората за „Скај Спортс“.

Тој беше и запрашан колку блиску бил до трансфер во Манчестер јунајтед.

„Не знам, најважно е што сум тука и ќе играм за Челси. Конечно сум тука. Ова е една од најдобрите лиги во светот и многу сум среќен што сум тука“.