24фудбал

Бонучи објаснува зошто си заминал од Јувентус

Леонардо Бонучи вели дека тоа што бил пратен на трибини на мечот против Порто само ја прелило чашата, тој не се чувствувал веќе важен за Јувентус и заминал во Милан.

Италија

Се шпекулираше дека лошиот однос кој го имал со Алегри и расправијата со него и уште неколку фудбалери е причината за заминувањето на Бонучи од Јувентус.

Дефанзивецот не ги негира таквите пишувања, само ја појаснува работата.

По расправија помеѓу Бонучи и Алегри за време на мечот на Јуве со Палермо, дефанзивецот беше пратен на трибини за дуелот од Лигата на шампионите против Порто.

„Јас сум еден од оние кои е многу директен и секогаш ја зборува вистината. Луѓето мислат дека случајот со Порто беше  највпечатливиот момент, но тоа само ја прели чашата, имаше и други ситуации пред тоа“ - вели Бонучи.

„За да давам 100% од себе треба да се чувствувам како важен дел од тимот, во последно време во Јувентус тоа не се случуваше секогаш“.

„Му дадов многу на Јувентус и тој ми даде многу мене. Не беше лесно да се одлучам да заминам, но ниту една страна не сакаше да продолжи заедно“. 

„Понекогаш и најпрекрасните бракови завршуваат“.

„Не се чувствувам како предавник или платеник. Доколку навивачите ме свиркаат, треба да го знаат тоа, исто како навредите кои ги добив на Јувентус стадионот ме опуштија, така ќе биде и сега“.