24фудбал

Конте го врати Венгер во реалноста, Челси пресилен за Арсенал (ВИДЕО)

Арсенал доживеа пораз од 3-0 во пријателскиот натпревар против Челси во Кина, Антонио Конте му покажа на Арсен Венгер дека му треба уште некое засилување

Англија

Шампионот на Англија беше пресилен за Арсенал на контролната средба која попладнево се одигра на Далечниот Исток.

„Топчиите“ имаа добри резултати на претходните три пријателски средби, но Антонио Конте го врати Арсен Венгер во реалноста и му покажа дека му треба уште некое засилување.

Челси, без ниту еден новајлија во составот, со 3-0 славеше над ривалот од Лондон.

Вилијан го отври резултатот во 40. минута по една соло акција, а 120 секунди подоцна и Батшуаји го матираше Оспина.

На стартот од вториот дел, Батшуаји по втор пат се запиша во листата на стрелците и ги постави конечните 3-0.