24фудбал

Пике на социјалните мрежи откри каде Нејмар ќе настапува следната сезона (ФОТО)

Гласноговорникот на Барселона, Жерард Пике испрати нова порака на социјалните мрежи, дефанзивецот порача дека Нејмар останува на Камп Ноу

Шпанија

Иднината на Нејмар е топ тема низ медиумите од Шпанија, ПСЖ е подготвен да плати 222 милиони евра и да ја активира откупната клаузула на Бразилецот.

Барса не сака да остане без напаѓачот, а покрај управата, и главните играчи од соблекувалната го молат Нејмар да остане.

И додека „Светците“ се убедени дека ова лето ќе успеат да го добијат потписот на репрезентативецот на „Кариоките“, Жерард Пике испрати порака која ќе ги разочара.

Дефанзивецот на Твитер постираше слика од него и Нејмар и напиша: „Останува“.