24фудбал

„Кога големите клубови посакуваат нешто, тоа и го добиваат“

Најавите за трансфер на Нејмар во ПСЖ на големо ја отвораат можноста Барселона целосно да го насочи своето внимание кон еден од најдобрите поединци на Јувентус.

Шпанија

Нандо Орси, поранешниот голман на Лацио во изјава за медиумите во Италија даде свој коментар во однос на најавите дека Аргентинецот Пауло Дибала од редовите на Јувентус, би можел да се пресели во Барселона.

Секогаш сум говорел на оваа тема, дека, доколку Нејмар си замине, Барселона своето внимание целосно ќе го насочи кон Дибала. Доколку Барселона започне преговори со Јувентус, тогаш каталонците нема да се штедат во своите намери, со тоа нивната мисија може да биде успешна, сигурен сум дека Барселона на маса ќе стави понуда која тешко се одбива“ вели Орси.

Дека Дибала е интересен за Барселона се пишуваше подолг период низ медиумите во Шпанија, но и во Италија, неофицијалните информации кои пристигнуваат од Италија велат дека Аргентинецот не е среќен со тоа што неговиот клуб така лесно се ослободува од неколку клучни фудбалери во тимот (Леонардо Бонучи, Дани Алвеш...).

За опцијата Дибала да премине во редовите на Барселона проговори и стратегот од клупата на италијанскиот првак, кој вели дека тоа е нешто што тој не може да го контролира, па така не пријавува загриженост.

Воопшто не стравувам од тоа да го загубам Дибала од тимот, ги знам сите случувања со Нејмар од прва рака, но не би можел да ви одговорам во моментов конкретно на таа тема, јас не можам да ја имам контролата во своите раце во однос на овој случај, така да не сум загрижен воопшто“ изјави тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри. 

Исходот од ситуацијата со Нејмар не влијае само над Јувентус, туку и над Арсенал.

Вреди да се издвои дека во однос на Нејмар пристигнаа неколку информации кои пак го говорат спротивното, Бразилецот останува на „Камп Ноу“, на оваа тема проговори и тренерот на Арсенал, Арсен Венгер, кој даде свое видување за тоа зошто ПСЖ е заинтересиран за Нејмар.