24фудбал

СМС пораките на Монтела кои во голема мера придонеле Бонучи да пристигне во Милан

Раководството на Милан имало други приоритети, но додевањето на Монтела со СМС пораки кон нив неколку пати во денот вродиле со плод, познати се деталите.

Италија

Во Италија сеуште се пишува за трансферот на дефанзивецот Леонардо Бонучи од Јувентус во редовите на Милан, па така излегоа нови информации, детали кои велат дека биле во голема мера корисни за калчолигашот од Милано.

Стратегот од клупата на „росонерите“, Винченцо Монтела постојано им додевал на челните лица во клубот да не ја пропуштат, според него, големата прилика која му се укажала на Милан.

Бев убеден дека овој трансфер е реалност, им верував на оние кои ме убедуваа дека можеме да го доведеме Бонучи, додека пак челниците на клубот имаа друга перцепција“ открива Монтела во изјава за „Газета дело Спорт“.

На Мирабели (спортскиот директор на Милан) му испраќав најмалку десет пораки дневно со неколку зборови – Добро утро, или добра ноќ, директоре, Бонучи...“ додава Монтела.