24фудбал

Санчез има дозвола од Баерн да замине, Милан е на потег

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес потврди дека Ренато Санчез може да замине ако сака.

Италија

Милан се поврзуваше со трансфер на Ренато Санчез од Баерн Минхен, а раководството на германскиот шампион е подготвено да го пушти младиот Португалец.

„Доколку фудбалерот мисли дека подобро за него е да замине некаде, на позајмица или перманентно, клубот ќе се погрижи за тоа“ - изјави претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес.

Ренато Санчез во Баерн Минхен пристигна од Бенфика како големо засилување за иднината на тимот, но во првата сезона не се снајде најдобро.