24фудбал

Четири причини поради кои Нејмар сака да замине од Барса и да се пресели во ПСЖ

Реномираниот магазин Франс Фудбал прави анализа на рекордниот трансфер кој го подготвува ПСЖ и преселбата на Нејмар од Барселона во Париз

Шпанија

„Светците“ се подготвени ова лето да испишат нова историја и да платат 222 милиони евра за ангажман на Бразилецот.

Се верува дека Нејмар дал зелено светло за преселба на Паркот на Принцовите и во скоро време треба да се реализира рекордниот трансфер.

Реномираниот магазин Франс Фудбал сега прави анализа и говори за причините поради кои напаѓачот сака да замине од Барселона и да се пресели во Париз.

СЕНКАТА НА МЕСИ

Нејмар сака проект каде тој ќе биде главно лице и неоспорен лидер, нешто што на Камп Ноу никогаш нема да го има се додека Лео Меси е во тимот.

Франс Фудбал вели дека иако Бразилецот секогаш има убави зборови за Аргентинецот и кажува дека има одличен и близок однос, реалноста е сосема друга, и тој со нетрпение чека да блесне надвор од сенката на Меси.

„ЗЛАТНАТА ТОПКА“

Франс Фудбал пишува дека Нејмар е опседнат со „Златната Топка“ и лудува по оваа престижна индивидуална награда уште кога пристигнал во Европа во 2013.

Со Меси во ист тим, Нејмар секогаш ќе биде зад Аргентинецот во изборот, па е убеден дека ќе може да се искачи на врвот на листата во дресот на ПСЖ.

ГАЛАКТИКО ДОГОВОР

Секако, финасискиот аспект ќе има голема улога во одлуката. Франс Фудбал вели дека Нејмар ќе стане најплатениот играч во Европа доколку се пресели во ПСЖ со примања поголеми од Меси и Роналдо.

Бразилецот ќе има плата од над 30 милиони евра по сезона. Магазинот заборава да го спомени и неговиот татко, кој исто така ќе „лапне“ огромен бонус.

МИНИ БРАЗИЛ

Во Париз, Нејмар ќе има неколку сонародници и соиграчи од репрезентацијата на „Кариоките“ (Маркињос, Тиаго Силва, Дани Алвеш и Лукас Мура).

Франс Фудбал вели дека настапот покрај играчи од Бразил е многу клучен фактор. Односот на Нејмар со Даглас, Дани Алвеш и Адриано во Барселона бил многу подобар во однос со останатите соиграчи.