24фудбал

Грнчаров: Вардар треба да го нападне Копенхаген

Капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров смета дека „црвено-црните“ утре треба да одиграат офанзивен натпревар и да бркаат триумф против Копенхаген.

Македонија

Утре со почеток од 20 часот, Вардар го пречекува Копенхаген во првиот натпревар од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

„Против себе имаме противник кој скоро секоја година игра во групна фаза во Европа и мислам дека се за една класа подобри од Малме. За да го добиеме мечот мора да играме како во второто полувреме против Малме во Струмица“ - вели капитенот Грнчаров.

„Вардар мора да нападне, не да се брани. Се надевам дека ќе го направиме тоа, ќе победиме и во Копенхаген ќе патуваме барем со еден гол разлика. Ако го направиме тоа ќе имаме шанси да ги поминеме“.

„Противникот добро го анализиравме. Имаат високи играчи во нападот, тоа ни одговара на ние кои играме во одбраната. Мислам дека ќе успееме добро да се носиме со нивниот напад и дека ќе победиме“.

Фото: ФК Вардар