24фудбал

Лукас Перез: Се чувствувам измамено во Арсенал, ми ја земаа „деветката“ без да ме прашаат и му ја дадоа на друг фудбалер

Лукас Перез дојде како сериозно засилување на Арсенал минатата сезона, но напаѓачот не ги исполни очекувањата.

Англија

Тој сега се жали од третманот на клубот, особено тоа што му го одземаа бројот девет и го дадоа на Лаказет.

„Сакам да заминам, да играм и да бидам среќен“ - вели Лукас Перез.

„Минатата година ретко добивав шанси и кога ги имав ги користев. Оваа сезона јасно е дека ќе биде иста. Јас сакам да се борам за место во националниот тим. Но за да играм фудбал треба да заминам. Мислам дека најдобро место за мене е дома, со Депор“.

„Арсенал не се однесува добро со мене. Фактот што го земаа мојот број на дресот и му го дадоа на друг фудбалер без да ми кажат, ја прелива чашата“.

„Не можам да продолжам вака. Давам се од себе, но тоа не се цени, не можам да седам повеќе. Се чувствувам измамено. Во февруари не ми беше дозволено да одам во Кина со ветување дека ќе играм повеќе и потоа имав само неколку шанси“.

„Но земањето на бројот кој го носам е ужасен гест. На патување Лаказет го праша Венгер и тој прифати, а потоа ми кажаа мене. Минатата сезона тој ми рече дека разбира зошто сум загрижен, но мислам дека оваа сезона ќе биде уште полошо“.