24фудбал

Ливерпул го бара, Лајпциг не го дава: Кеита реши да ја земе правдата во свои раце (ВИДЕО)

Еден од предводниците на минатогодишната сензација во Бундеслигата се чини дека пријавува нетрпение во однос на одолговлекувањето на неговата преселба во Англија.

Англија

22 годишниот фудбалер од средниот ред на Лајпциг, Наби Кеита се чини дека по секоја цена сака да се пресели во Ливерпул.

Кеита веќе почнува да пријавува нервоза а тоа го искажува на тренинзите на својот клуб, каде беше уловен од камерите дека неговите фрустрации влијаат лошо на тимот, па „жртва“ во оваа ситуација беше неговиот соиграч Диего Деме.

Најпрво Деме беше невнимателен со Кеита, овој малку одмори па потоа реши да се „одмазди“, па го покоси на теренот, ситуација што донесе мали искри на теренот.

Стратегот од клупата на Лајпциг, Ралф Хасенут реши да го прекине тренингот и ги испрати фудбалерите во соблекувалната, клубот подоцна објави дека дошло до „примирје“ помеѓу двата соиграчи од тимот.

Познато е дека тимот од „Енфилд Роуд“ е сериозно заинтересиран да го доведе во своите редови Ганецот, меѓутоа вицепрвакот на Бундеслигата е решен во намерата да го задржи најдобриот поединец во својот состав.

Обата клуба подолг период не можат да се договорат околу висината на обештетување, но германскиот клуб има нескриена желба да го задржи Кеита во своите редови, причината е сосема јасна, тој има важечки договор со клубот до 2020. година, па така на бундеслигашот очигледно не му се брза.

Фудбалерот од Гвинеја пред три години беше тинејџер кој мина сосема незабележително од поголемите клубови во Европа, се соочи со испаѓање од второлигашкото друштво во Франција со тимот на Истрес, Салцбург го купи за 1,5 милион евра, Лајпциг го „намириса“ неговиот талент и го ангажираше за сума од 15 милиони евра, сега Ливерпул за него нуди 70 милиони евра, но недоволни за бундеслигашот.