24фудбал

Идеална асистенција на Ристовски, Ријека води во Салцбург (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски е најзаслужен за водството на Ријека на гостувањето кај Салцбург во натпреварот од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Ријека одлично ја почна мисијата во Салцбург, хрватскиот шампион има тежок противник, но дојде до водство и тоа благодарение на македонскиот фудбалер.

Во 30. минута Ристовски како на тацна го послужи Гаврановиќ на кого не му беше тешко да постигне гол и да донесе водство на Ријека.