24фудбал

Шкендија ја почнува пресметката против Тракаи, на победа уште во Литванија

Денеска Шкендија го игра првиот меч против Тракаи во третото квалификациско коло од Лига Европа, македонскиот претставник е фаворит во пресметката со литванците.

Македонија

Шкендија доби противник по мерка, но фаворитската улога треба да ја одработи и на теренот.

Македонскиот тим одигра одлични дуели против Дачија и Хелсинки, тие изданија треба да ги повтори и против Тракаи од Литванија кој направи изненадување елиминирајќи го Норчепинг.

Литванците после тој дуел се радуваа како да ја освоиле Лига Европа, што говори дека и пласманот до тука за нив е голем успех, но не и за Шкендија која има поголем апетит.

Од таборот на Шкендија најавија офанзивна игра на денешното гостување, ќе се обидат да слават победа уште во Литванија со цел да имаат мирен реванш во Струмица.

Поради повреда во составот ќе го нема Штефан Вујчиќ, а во конкуренција се враќаат Мевљан Мурати и Стенио Жуниор.

Доколку Шкендија успее да го помине Тракаи, ќе се пласира во плејофот од Лига Европа и ќе дојде на само еден чекор до пласман во групната фаза.

Денешниот натпревар меѓу Тракаи и Шкендија започнува од 18:30 часот, правдата ќе ја делат судии од Република Ирска на чело со Нил Дојл.

Фото: ФК Шкендија