24фудбал

Дефанзивни главоболки за Мурињо во пресрет на Суперкупот во Скопје

Фил Џонс доби суспензија од два натпревари од УЕФА поради вербални навреди врз допинг контролор, парична казна заработи и Дејли Блинд.

Англија

Жозе Мурињо покрај Баи кој исто така е суспендиран, нема да може да смета на уште еден централен дефанзивец, УЕФА му врачи два меча суспензија и на Фил Џонс.

Фил Џонс ќе го пропушти натпреварот од Суперкупот во Скопје, како и првиот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, дополнително ќе биде казнет и со 5.000 евра.

Тој е суспендиран поради прекршување на допинг правилата на УЕФА, Џонс вербално навредувал допинг контролор откако било побарано од него да биде тестиран по финалниот меч од Лига Европа во Стокхолм.

Парична казна заработи и Блинд, но тој нема да биде суспендиран. Од Блинд исто така било побарано да направи допинг тест, но тој сакал да слави со соиграчите и не се појавил веднаш на тестирањето.

Претходно УЕФА го суспендираше Ерик Баи со два меча поради исклучувањето на дуелот со Селта во Лига Европа.

Баи и Џонс нема да бидат во комбинација за Суперкупот против Реал Мадрид, ниту Маркос Рохо кој е повреден.

Се очекува Крис Смолинг и Виктор Линделоф да бидат централните дефанзивци за Манчестер јунајтед на „Филип Втори“ Арената, а Блинд и Валенсија да оперираат по бековските позиции.