24фудбал

Нејмар се појавил на тренинг на Барса само за да се збогува со соиграчите

Трансфер сагата на Нејмар се ближи кон крајот, наскоро се очекува Бразилецот и официјално да биде потврден како ново засилување на ПСЖ.

Шпанија

Последните вести од Кталонија велат дека Нејмар утринава се појавил на трнингот на Барселона само за да им каже на соиграчите дека заминува и да се поздрави со нив.

Триото „МСН“ нема да постои од наредната сезона откако Нејмар одлучи да ја прифати богатата понуда од ПСЖ и за рекордна сума да заигра во францускиот шампионат.

Наскоро се очекуваат и официјални потврди од клубовите за сензационалниот трансфер на Нејмар.