24фудбал

Ладниот поздрав на Меси и Суарез со Нејмар, дали знаеа дека заминува? (ВИДЕО)

Бразилецот беше најдобар другар со колегите од нападот, но Лео Меси и Луис Суарез не го погледнаа во очи Нејмар кога се поздравија

Шпанија

„Сапуницата Нејмар“ конечно е во завршен чин, Барселона потврди дека играчот утрово ги известил дека заминува, тој веќе се збогувал со соиграчите и добил дозвола од Ернесто Велверде да не тренира и да ја разреши својата иднина.

Со недели се говори за негов рекорден трансфер во ПСЖ и „Светците“ конечно ќе успеат да стигнат до потписот кој го бркаат со години.

Камерите на Кватро уловија интересен момент од дуелот помеѓу Барселона и Реал Мадрид во Мајами, кој од сегашна гедна точка излегува дека ќе биде последен за Нејамр во дресот на „Каталонците“.

Кога Бразилецот беше повлечен од игра, им подаде рака на сите на клупата, но неговите најдобри пријатели, Лео Меси и Луис Суарез, само ладно го поздравија и не го ни погледнаа во очи.

Па многумина прашуваат дали тие уште тогаш знаеле дека Нејмар се сели во ПСЖ.