24фудбал

Лео Меси со емотивно видео се збогува со Нејмар (ВИДЕО)

Лионел Меси покажа класа и со емотивно видео на својот инстаграм профил се збогува од Нејмар кој наскоро ќе потпише за ПСЖ.

Шпанија

Во новата сезона нема да го гледаме убиственото трио „МСН“ поради желбата на Нејмар да ја напушти Барселона и да го облече дресот на ПСЖ.

Лео Меси и официјално со емотивна порака и видео на својот инстаграм профил се збогува со Нејмар.

„Беше големо задоволство да се делат со тебе сите овие години пријателу мој Нејмар. Ти посакувам многу среќа во новата етапа од животот. Се гледаме те сакам многу“, напиша Меси.