24фудбал

Детали од рекордниот трансфер на Нејмар: Кога ќе биде платена клаузулата, прегледите и презентацијата

Медиумите од Франција ги откриваат деталите од рекордниот трансфер на Нејмар во ПСЖ, во следните 72 часа ќе заврши сагата околу иднината на Бразилецот

Франција

Напаѓачот утрово ја извести Барса дека заминува и се поздрави со играчите, па сега на потег е ПСЖ.

Медиумите од Франција сега ги откриваат деталите од рекордниот трансфер на Нејмар на Паркот на Принцовите.

ПОЧЕТНИОТ СОСТАВ НА ПСЖ ЗА ИДНАТА СЕЗОНА (ФОТО)

Попладнево во Барселона пристигна Вагнер Рибеиро, кој беше агент на Нејмар на почетокот од неговата кариера.

Откако Нејмар ми даде зелено светло на 1. август, заминав во Париз и добив зелено светло од ПСЖ да се плати откупната клаузула, тоа ќе биде сторено во следните неколку часа” – порача Рибери по пристигнувањето на аеродромот во Барса.

Нејмар, Дрекслер и Ди Мариа како поддршка за Кавани вонападот на ПСЖ (ФОТО)

Добро упатеното „Радио Монте Карло“ објави дека Нејмар редовните лекарски прегледи ќе ги помине во четврток.

Неговата презентација ќе биде во сабота, непосредно пред почетокот на првенството и дуелот на ПСЖ со Амиен.