24фудбал

Мурињо: 222 милиони евра за Нејмар не се многу, проблем е...

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо вели дека трансферот на Нејмар во ПСЖ не е скап, но проблем е тоа што за други играчи сега ќе се бараат луди суми

Франција

„Специјалниот“ минатото лето плати 105 милиони евра за Пол Погба, и иако многумина велеа дека тоа е премногу за фудбалер од средниот ред, Жозе Мурињо секогаш нагласуваше дека тоа е добра зделка.

Португалецот го има истиот став и за трансферот на Нејмар во ПСЖ, „Светците“ за Бразилецот ќе платат фантастични 222 милиони евра (198 милиони фунти).

„Скапи се оние играчи за кои се плаќаат високи суми без да стигнат до одредено ниво. Мислам дека за 200 милиони фунти Нејмар не е скап“ – вели Жозе Мурињо.

„Скап е од гледна точка на тоа дека сега ќе имаме повеќе играчи кои ќе прават трансфери за 100 милиони фунти, за 80 милиони фунти или пак за 60 милиони фунти“.

„Мислам дека ова е главниот проблем“.

„Нејмар е ден од најдобрите играчи во светот, сигурно и од комерцијален аспект е многу силиен, па ПСЖ и ова го земал во предвид“.

„Па мислам дека Нејмар не е проблем, туку проблем се последиците од трансферот на Нејмар“.