24фудбал

ПСЖ донесе 222 милиони за Нејмар, Ла Лига одбива да ги прими!

Ла Лига одбива да ги прими 222 милиони евра кои ПСЖ сака да ги уплати за откупната клаузула за Нејмар, сапуницата продолжува.

Шпанија

Кога се чинеше дека остануваат уште само формалности за да се реализира трансферот на Нејмар, Ла Лига се испречи и не сака да ја прими сумата.

Спортскиот адвокат, Хуан де Диос Креспо утринава пристигнал во седиштето на Ла Лига со чек од 222 милиони евра по кој треба да се активира откупната клаузула и Нејмар да стане слободен играч. Но од седиштето на фудбалската лига на Шпанија не сакале да ги примат парите.

„Можеме да потврдиме дека правен претставник на фудбалерот дојде во Ла Лига за да ја плати клаузулата и ние одбивме. Тоа е единствената информација која би можеле да ви ја дадеме во моментов“ - велат од Ла Лига за ЕСПН.

Според Марка, Ла Лига нема право да ја одбива сумата, туку имаат само техничка улога и треба да ја процесираат уплатата.

Дел од шпанските медиуми пишуваат дека Ла Лига се сомнева во потеклото на парите, смета дека тие се од државна катарска компанија и дека може да го прекршат финанискиот ферплеј.

Но, реално УЕФА е таа која се грижи за почитување на правилата и таа е таа која треба да ја истражи легалноста на трансферот на Нејмар.

Во меѓувреме од ПСЖ се жалат до УЕФА дека Ла Лига го блокира трансферот на Нејмар иако нема право да го прави тоа.

И покрај одолговлекувањето, се очекува трансферот да се реализира во наредниот период Ла Лига да ја промени својата одлука.