24фудбал

Нејмар повеќе не е играч на Барселона, Бразилецот си го откупи договор за 222 милиони евра!

Адвокатите на Нејмар попладнево пристигнаа во канцелариите на Барса на Камп Ноу и ја платија откупната клаузула на Бразилецот од 222 милиони евра па тој повеќе не е член на „Каталонците“

Шпанија

Откако Ла Лига го одби чекот за активирање на откупната клаузула на Нејмар, адвокатите на играчот од Мадрид заминаа за Барселона.

Попладнево тие ја посетија канцеларијата на Барса, ја платија откупната клаузула, па Нејмар повеќе не е фудбалер на „Каталонците“.

Барселона го потврди ова но најави жалба до УЕФА, клубот се сомнева дека ПСЖ ќе ги прекрши правилата за Финансиски фер плеј со една ваква зделка.

„Во четврток попладне, преставници на Нејмар ги посетија канцелариите на клубот и доставија уплата од 222 милиони евра со што се раскинува договорот на играчот“ – гласеше известувањето.

„Па клубот сега до УЕФА ќе ги достави сите детали од зделката за тие да ги утврдат дисциплинските мерки кои можат да произлезат од овој случај“.